речник контакт

Со пуштањето во употреба на покриениот градски пазар, нема да има повеќе продажба надвор од него, најави градоначалникот

За оваа град слика со години реагираа и соседите, и од ОУ Панко Брашнар, претходно ОУ Благој Кирков, и пазарџиите и ЈКП Дервен

Петар Печков

Градоначалникот Марко Колев најави дека со пуштањето на покриениот градски пазар, ќе бидат отстранети продавачите кои продаваа надвор од пазарот а го узурпираа паркингот три дена во неделата,  што беше на тој простор. За оваа грда слика со години реагираа и соседите, и од ОУ Панко Брашнар, претходно ОУ Благој Кирков,  и пазарџиите и ЈКП Дервен, но се одвиваа инцидентни акции, кога продавачите беа иселувани, но по  кратко време тие се враќаа.

„Со пуштањето на двата дела од покриениот Градски пазар, нема повеќе да има продажба надвор. Со ова во неправедна положба беа тие што продаваат внатре  наспроти  тие што работеа надвор“ - кажа Колев.

Кај поголемиот дел од продавачите кои нивната роба ја нудат надвор од пазарот, имало расположение и сакале да продаваат во просторот, но немало можност да им се обезбедат тезги, бидејќи сите биле дадени. Со пуштањето во употреба и на долниот дел, ќе се зголеми  бројот на тезги а со тоа и можноста сите за закупат тезга.

Од продавачите на цвеќе за ова веднаш понудија решение, дека заради карактерот на нивната стока, потребно било   различно решение отколку класична тезга, заради потреба да се изложат саксиите со цвеќиња.

Купувачите реагираат и очекуваат дека нема пред секоја тезга, како сега, да има дополнително поставени сандаци и корпи со производи, што го отежнуваат нивното  движење  низ пазарот.   

Неодамна е извршен технички прием на покриениот градски пазар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »