речник контакт

Со ретроспективна изложба се одбележаа 90 години од раѓањето на академскиот уметник Ангел Петров (фото)

Изложбата насловена "Бојата низ музика" е поставена во Ликовниот Салон со изложени околу 300 негови дела, но и предмети од неговиот творечки опус и живот

Петар Печков

Со ретроспективна изложба отворена во Велес, се одбележа 90 години од раѓањето на академскиот сликар Ангел Петров од Велес (1933-2020).

Изложбата  насловена "Бојата низ музика" е поставена во  Ликовниот Салон   со изложени  околу  300 негови  дела, но и предмети од неговиот творечки опус и живот.  Изложени се награди, ордени, признанија, благодарници, корици од книги, есеи и поезија посветена на Петров од еминентни писатели како и негови лични предмети.

„Делата не треба да стојат во депо, далеку од јавноста, треба да се излагаат. Пред публиката со оваа изложба  е дел од неговиот огромен опус, опфатени се по две три дела од сите фази на творештво. Има дела од сите негови 62 самостојни изложби, половина одржани во Македонија, половина низ градови од Европа.  Го одбележуваме неговото раѓање, бидејќи тој сметаше дека треба да се слави почетокот на животот, раѓањето,   а не смртта.  Изложбата има интересен и шарен концепт, има портрети,пејзажи, актови, коњи,  има многу дела кои допрва треба да се вадат пред јавноста. Тој беше вљубен во Велес, иако имаше можност да го напушти и живее и твори во друг град, тој по никоја цена не го сакаше тоа“ - кажа на отворањето Светлана Петрова, негова сопруга.  

Фондацијата „Ангел Петров“ издаде монографија за животот на академскиот сликар, а изработено е и документарно  видео за неговото 60 годишно творештво.  Петров образованието го заокружил во Белград во Академијата за применета уметност, во класата на професорот Винко Грдан.

Велешани и неговите блиски го знаат Ангел како човек  со прекрасен глас, кој исполнуваше опери од италијански автори но и канцони.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »