речник контакт

Со само една мерна станица за амбиенталниот воздух во Велес, не се добиваат реални вредности за неговиот квалитет

Мерните инструменти на Министерството за животна средија се кај Детската градинка во населба Тунел, додека за стариот дел на градот, каде најчесто како енергенс се користи огревно дрво, нема податоци за вредностите

Петар Печков

На Велес му се потребни повеќе мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Ова беше кажано на денешната еколошка трибина за животната средина.

Ако Велес , кој до пред 20 години беше индустриски центар и имаше пет мерни станици, денес има само една, кај Детската градинка во населба Тунел.

Таа го покрива новиот дел од градот, додека стариот, каде повеќето од домаќинствата користат како енергенс огревно дрво, нема мерна станица.

До 2005-та имаше во Бирото за вработување, но таа е отстранета пред две децении.

„Како локална власт апелираме до Министерството за животна средина да поставаат уште две мерни станици, за да може да биде покриен градот целосно. Така ќе имаме покриеност за целиот град и жителите ќе знаат какво е квалитетот на воздухот кој го дишат“ - кажа Петре Цилаков, раководител на сектор за животна средина при Општина Велес.

Но оваа забелешка не можеше да ја слушне министерот за животна средина Насер Нуредини, кој беше најавен како учесник, но не дојде во Велес. Трибина беше поддржана од Швајцарската Амбасада во Скопје а организирана од  фондацијата Имапкт нет од Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »