речник контакт

Со седум новаци, ФК Борец ита кон Втората лига

Одигран првиот контролен тест против екипата на Превалец, Борец победи со петарда, 5:0

Петар Печков

Седуммина дојдоа, седуммина заминаа, таква е играчката состојба во велешкиот третолигаш ФК Борец. Тој ги започна подготовките за вториот дел до првенството во Третата лига југ, кое стартува ан 10-ти март. Велешани оптимисти дека ќе го сочуваат лидерското место, дека ќе успеат во баражот и од есен ќе играат во Втора лига. За исполнување на ова, во екипата се доведени седум нови фудбалери:  Баже Левков, Баже Нацев, Арслан Ведат, Александар Пановски. Диме Андов, Оливер Велковски и Александар Крстевски.

Имаме доста засилувања, кои се добредојдени во овој момент. Донесени се квалитетни играчи и ќе се зголеми конкуренцијата. Тоа ќе придонесе за да играме поквалитетно. Иако бодовното салдо е девет  предност, првото место не е осигурено. Се зависи од нас, ако добро се подготвивме, никој нема да не сопре. Во оваа трета лига, не гледам екипа која ќе не совлада. На секое место во екипата има по двајца кандидати, што е добро и ќе донесе конкуренција и квалитет  – рече тренерот Кочо Димитровски.

Подготовките кои ќе се одвиваат во три фази, ќе бидат комплетно реализирани во Велес. Во првата ќе се работи на физичката подготвеност, најголемата слабост во есенскиот дел според Димитроски, потоа на уигрување на тимот и на крај неколку контролни натпревари. Како можни и примамливи противници во овие контролки, се договараат Брегалница до Штип и Силекс од Кратово. Екипата има 23 играчи и тие биле доволно за овој ранг на натпреварување. Меѓу нив е и левото крило Александар Пановски. Тој се врати  од Тиквеш во матичниот клуб, од каде  ја започна фудбалската кариера.

Единствена желба на фудбалерите е да го вратиме клубот во старото друштво каде припаѓа, на есен да играме во Втора лига, па пота здравје и во Прва. Тоа со макотрпна работа можеме да го сториме. Јас сум дете на Борец, со овие фудбалери заедно сме почнувале, одлично се знаеме. Имаме добра екипа имаме желба, вредно работиме и убеден сум дека ќе успееме во нашите очекувања, во овој ранг на натпревари нема екипа која ќе не сопре  - вели Пановски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »