речник контакт

Со скринингот утврдени двајца ученици од велешко, позитивни на ковид-19

Тестирани биле 253 ученици од 11 училишта

Петар Печков


Заврши скринингот  за присуство на ковид-19 кај учениците од велешко. Од тестирани 253 ученици од основното и средно образование, кај двајца ученика било констатирано дека се позитивни. Тоа биле ученици од училиштата во Градско и Горно Оризари.  Тестирањата биле извршени според план добиен од Министерството за здравство.

„Беа опфатени 11 училишта, четирите средни од градот и седум основни од Велес, Градско, Горно Оризари, Бузалково,  Иванковци. Беа тестирани 253 ученици, добиени се позитивни тестови кај двајца ученици од основните училишта во Градско и Горно Оризари. Тие беа дополнително потврдени со ПЦР тестови“ - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, директор на Центарот за јавно здравје Велес.

Тестирањата биле извршени по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите на учениците. Во велешко немало случај некој да не прифати, детето да биде тестирано.  Најголем дел од младите, вирусот ковид-19 го поминуваат без симптоми и тие се препознаени како трансмитери на вирусот, велат здравствените работници. 

Во велешка Болница на Инфективно одделение има 17 годишник, ученик во трета година, кој е на лекување а од Болницата велат дека е во добра состојба и можно е утре, петок да биде пуштен на домашно лекување. 

Во велешко меѓу  360-те активни случаи на лица со ковид-19 има и дваесетина  ученици од основното и средно образование. Во основните и средни училишта во велешко настава посетуваат 6,5 илјади ученици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »