речник контакт

Со сослушување на сведоци продолжи судењето на Димче Цветков обвинет за убиството на лихварот Ѓело Ѓошов

Ѓошов беше убиен на 5 ноември лани, со еден истрел во тилот во месноста Поројница кај Чашка

Петар Печков

Со сослушување на сведокот Ерхан  Пашов продолжи судењето за убиството нa велешанецот, лихварот  Ѓело Ѓошов.   Обвинителството го испрашуваше сведокот за периодот кога тој се сретнал со обвиентиот Димче Цветков, заради времето кога е извршено убиството., критичниот ден претпладнето, и кои активности ги имал обвинетиот за подоцна да има пари и да плати долг кон скопјанец. 

„Утрото се слушнавме со Димче кој ми е другар и сосед, ми се  јави на месинџер. Побара да го носам за Скопје да врати пари на   некое лице Љутви. Јас со синот бевме да купиме дрва од складот. Па заминавме за Скопје околу 12ч. Се сретнавме со Љутви во Шиша бар“ – кажа Пашов.

На ова регираше обвинителката Цветанка Богоевска и  го потсети свеодкот што рекол во неговото сведочење пред јавен обвинител. Таму зборувал дека се слушнале околу пладне а за Скопје заминале во 14,30ч. На ова сведокот рече дека е можно така било. Одбраната немаше прашања за сведокот.

Цветков (44 год) претходно Ферди Амедов не го признава делото.  Според обвинението, Цветков го земал со автомобил сега убиениот, се упатиле кон Чашка и кај местото викано Поројница, со  еден истрел во тилот го убил Ѓошев и го скрил во блиската грмушка прекривајќи го со таму пронајдена јамболија.

Критичниот ден убиениот Ѓошев со него носел 100.000 денари и 1.500 евра, како и три златни прстени, три дебели златни ланци на вратот и два мобилни телефони и еден рачен часовник. На местото бил пронајден еден прстен кој паднал од убиениот додека бил влечен по земја. На убиството учествувало и уште едно засега непознато лице, за кое се откриени биолошки траги но не може да се идентификува.

Златните предмети, парите, мобилните биле одземени од Ѓошев по смртта, и не биле пронајдени. Облеката од обвинетиот била пронајдена подоцна на градската депонија, а на неа имало биолошки траги од убиениот. Цветковски по настанот два пати го перел возилото марка „пежо“, па заминал до блиското Лозово, а потоа со друштво до Шутка во Скопје и назад за да си обезбеди алиби. 

Судењето продолжува со сослушување на други сведоци. Во друг предмет, исто така во Основен суд Велес, Цветков е обвинет за разбојништво, кога од дом на велешанец со друго лице, среде бел ден одзеле значајна сума пари и злато, при тоа оштетниот физички го нападнале со безбол палка и го онеспособиле со електрошок. И ова дело тој не го признава.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »