речник контакт

Со товарни вагони се превезува огревно дрво за велешани

Со воз се носат огревни дрва за да се надмине нивниот недостиг во Велес и се реши проблемот во снабдувањето на граѓаните.

Петар Печков

 На железничката станица во Велес невообичаена гужва, камиони, трактори кои нудат превоз и граѓани кои чекаат за да ги добијат одамна нарачаните и платени  дрвја.   За овие два дена, две композиции од товарни вагони, полни со огревно дрво беа пристигнати на железничка. Тие  имаат по 10 вагони со повеќе од 1 илјади метри просторни дрво, дел даб дел бука.

За да го решиме недостигот на дрва  испорачани ни се огревни дрва и со  воз и во складот. Граѓаните овде на железничка можат директно да вршат  претовар од вагоните и го добијат нивниот огрев.  Работиме со забрзана динамика, оти годинава имаме зголемена потрошувачка  а и се наближува почетокот на грејната сезона 15 октомври. Понекогаш имаме потешкотии на терен,  каде се сечат дрвјата, временски неприлики, но затоа бараме решенија за секоја ситуација се со цел да ги снабдиме граѓаните  - изјави Горан Наунчев, директор на Шумското стопанство ,,Бабуна.

Цената од 2350 бука и  даб 2450 за метар кубен,  што е далеку поевтино отколку во приватните складови,  беше причина за поголемиот дел  од семејствата од Велес, кои  користат огревно дрво,  истото да се одлучат да го набават од ЈП Македонски шуми, подружница Велес.  На перонот каде се истовараше, бројни граѓани кои чекаа да добијат огревно дрво. Некои добија ,други не. За нив останува некоја друга прилика

Чекам дрва од април, тогаш уплатив. Ама никако да ми дојде редот. Воведоа испорака и со бројче, мене ме пишаа на 12-ти а тогаш е неработен ден, ден по празникот. Како ќе ги подигнам , кога шумското не се на работа - вели велешанец.  

И натаму  со потешкотии се доаѓа до дрва за огревс. Иако дел од семејствата имаат платено уште од април и мај, во нивните домови не е испорачано дрвото.  Трпеливост на овие граѓани е при крај, посебно откако оваа седмица температурите осетно паднаа.  Тоа предизвика пред складот на ШС Бабуна од Велес, близу Топилницата да се создадат гужви. Уште рано наутро лицата кои платиле беа  таму и чекаа да се донесе дрво.

Уште еднаш истакнувам дека огревно дрво во Велес има. Граѓаните кои претходно имаат уплатено за огревно дрво, секојдневно истите ги подигнуваат од Подружницата според распоред и динамика кој е точно утврден. Како јавно претпријатие одговорно тврдам дека сите, сите граѓани што имаат уплатено дрва ќе можат истите да ги подигнат пред почетокот на грејната сезона - уверува директорт Наунчев. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »