Петар Печков
Објавено: среда, 21 октомври 2026
Одбојкарите на ГОК Борец со уверлива победа од 3:0 (10; 10; 4) над младата елкипа на ОК Весна од Пробиштип, го добија баражот и се пласираа во Првата А лига. Таму се шестe победници кои од наредната недела ќе играат четворокружен бод систем. По завршувањето напролет според пласмaнот ќе разигруваат меѓусебно плус првите две од Б конкуренцијата за првак на Македонија. Велешани беа победници и на првата срeдба во Пробиштип со идентичен резултат 0:3. Вечерашната средба траеше помалку од еден час и тренерот Жабев им даде шанса и на младите одбојкари, некои и со 15 години да одиграат во финишот од сетовите.
Bo Првата А лига освен ОК Борец ќе играат и ОК УГД Штип, ОК Струмица, ОК Работнички, ОК Сушево. Последниот учесник ќе биде познат по натпреварот помеѓу двете тетовски екипи ОК Универзитет и ОК Шкендија.
Се одиграа две коло од Супер лигата во пингпонг. Велешкиот состав ППК Борец забележа понуда и тоа од 4:2 над составот на ППК Шампион ФА, а поразени се од составот на ППК Младост со 1:4. Така по 3 кола ППК Борец е 8-ми од 10 екипи со три бода. Следните две кола се играат викендов, кога ППК Борец игра со ППК Младост кој како и велешани има една победа и со ППК Студент кој е последен без победа.
Се одиграа и две кола од Втората пингпонг лига. ППК Патриот 1 забележа две победи, над ППК Мара Лопка од Кратово со 4:0 и над ППК Саса од Македонска Каменица со 4:1. За велешкиот состав играат млади деца од 13 до 15 години и се први со три победи и еден загубен меч, се натпреваруваат шест екипи. Во втората група од Втората лига, ППК Патриот 2 загуби од ППК Гевидон Гевгелија со 1:4. Тие од три кола имаат две победи и се 3-ти од 6 екипи.
Следниот турнус се игра на 14 ноември, кога ППК Патриот 1 игра со ППК Хепи и со ППК Кочани. Во втората група ППК Патриот 2 игра со ППК Телеком 1 и со ППК Телеком 3.
| Tweet |




