речник контакт

Со црни знамиња и црна облека по улиците на Велес

Дел од перформансот ,,Некои,, на Лили Џагарова

Петар Печков

Тоа што жителите на Прага го видоа пролетва, имаа можност да г о видат  и велешани, денес  напладне. Перформансот ,,Некои,, на Бугарката Лили Џагарова беше претставено и пред жителите на Велес.  Пет девојки од Велес, облечени во црна облека, со неразбирливо напишани пораки на облеката и на знамињата , со заштитни маски   прошетаа низ градот. И на овој начин пренесоа интересна порака, која ја раскажа авторката.

Ова е наш знак против молчењето. Ако ќутиме и не кажеме што не мачи, што проблем имаме, се останува во нас. Сите сме потлачени, молчиме или зборот не стасува до тие што сме го упатиле. Кратко многу зборови малку дела. Ако нешто се случило а не го кажеш, што е тогаш целта - изјави Џагарова, која е сценограф  - слободен уметник.

И токму прошетката на девојките по улиците на градот, предизвика внимание, чудење на минувачите, граѓаните. Некои од нив дури и реагирале до велешката полиција, уплашени од појавата на учесниците во перформансот.   Други пак мислеа дека е револт против загадувањето на Велес.

Таа ќе се повтори утре  в среда, за кога има нова костимска презентација и тоа на  Ханс Харлинг од Либан, со проектот  ,,Плас-тик,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »