Петар Печков
Објавено: вторник, 16 август 2011
Редици, гужва, нервозни граѓани кои чекаат со часови, други со денови. Таква е сликата пред Матичното оддление во Велес деновиве, откако за добивање на сини картони е потребно приложување на извод, па редиците се зголемија.
Сведоците таму велат дури е скршен прозорот а една девојка и се пресекла, имало и тепачка меѓу странките. Тие тврдат дека чекале од утрина од 8 часот за да завршат работа околу пладне.
Згора на тоа се жалат иако биле невработени морале да плаќаат додани трошоци од 180 денари за добивање валиден документ. Овие денови гужвите зе зголемени поради потребите на завршените матуранти од изводи за упис на факултет.
Tweet |