Петар Печков
Објавено: сабота, 29 септември 2018
Со шампањско на 2,5 илјади метри надморска височина скопјанецот Сали Буранедин, заедно со неговите пријатели го одбележа илјадитото искачување на овој планински врв. По стрмните сртови и кози патеки, педесетина пријатели и поддржувачи на Сали минатата недела го искачија највисокиот врв на планината Јакупица.. Вели дека можеби за некого не е многу, но за него е тоа цел живот посветен на оваа планина.
Планинарењето ме исполнува, ми два спокој и мир. Заедно со пријателите тука на височините е бескрајно мирно, тивко, како на друг планета во друг свет - вели Сали кој има 67 години и е пензионер а член на ПД .,,Бистра,, од Скопје.
Работниот век го минал во Владата, во службата за општи и заеднички работи. Помни дека за прв пат на врвот висок 2.540 метри се искачил пред точно 42 години, на 10-ти октомври 1976-та година. Немал желба да соборува рекорди, туку да се рекреира. За да биде оваа животна приказна уште поинтересна на врвот со него се искачи и неговиот пријател планинар, гостиварчанецот Гојко Геговски кој има 86 години. Солунска глава започнал да ја искачува како учесник на маратонот Богомила - Чеплес - Водно. Годинава ја започнал со 954 искачувања за да сам си постави задача есенва да го забележи илјадитото. Така и се случи на 22 септември.
Сали Буранедин се искачил на Мон Блан беше највисок врв на Европа, бил и на Килиманџаро (5.895 м) највисокиот врв на Африка , како Дамаванд во Иран (5.671 м) и врвот на планината Арарат во Турција (5.137 м). Во неговата листа се наоѓаат и сите високи Балкански врвови Триглав (2.864 м) во Словенија, Мусала (2.925 м ) и Вихрен (2.914 м) во Бугарија, Олимп во Грција ( 2.918 м) и секако највисокиот врв во Македонија, Кораб ( 2.764 м ). Заедно со паланчанецот Стојанче Костовски, за еден месец пеш ја изоделе граничната линија на Македонија во должина од 900 километри.
Tweet |