речник контакт

Со што имот располагаат велешките политичари

За имотната состојба на велешките политичари, истражуваше Бојан Нанев од ТВ Здравкин

Петар Печков

ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА ГИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИТЕ ОД АНКЕТНИТЕ ЛИСТОВИ ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА ИЗБРАНИТЕ И ИМЕНУВАНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ. ОД ВЕЛЕШКИТЕ ПРАТЕНИЦИ И ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА .

НАЈМНОГУ  ИМОТ СО НАЈГОЛЕМА ВКУПНА ВРЕДНОСТ ДО АНТИКОРУПЦИСКА ИМА ПРИЈАВЕНО ПРЕТЕНИКОТ ИЛИЈА ДИМОВСКИ. КАКО ЛИЧЕН ИМОТ ДИМОВСКИ ИМА ПРИЈАВЕНО ВОЗИЛО МАРКА МЕРЦЕДЕС ВО ВРЕДНОСТ ОД 800.000 ДЕНАРИ, КАКО И АКЦИИ СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 183.000 ДЕНАРИ. ДИМОВСКИ ПРИЈАВИЛ И ДЕНАРСКА ШТЕДНА КНИШКА НА КОЈА ИМА 2.600.000 ДЕНАРИ.  ПО ОБEМЕН Е ИМОТОТ КОЈ ДИМОВСКИ ГО ПРИЈАВИЛ КАКО СОПСТВЕНОСТ НА НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ, ПОМЕЃУ КОЈ ИМА КУЌА ВО ОХРИД, СТАН ВО ВЕЛЕС, КУЌА ВО СОГЛЕ, ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ  ВО СОГЛЕ И ЧАШКА СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 2. 600.000 ДЕНАРИ. ВО РОДИТЕЛСКА СОПСТВЕНОСТ ПРИЈАВЕНО Е УШТЕ ЕДНО ВОЗИЛО КАКО И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИХОДИ СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 1.215.000 ДЕНАРИ. ПОГОЛЕМИ СУМИ ДИМОВСКИ ПРИЈАВИЛ НА ДЕНАРСКИТЕ ШТЕДНИ КНИШКИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ И СЕСТРА КОИ ЗАЕДНО ИЗНЕСУВААТ 3.500.000 ДНЕАРИ.

ВЕЛЕШКИОТ ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕТО ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ, МАРЈАНЧО НИКОЛОВ, ПАК КАКО ЛИЧЕН ИМОТ ГИ ИМА ПРИЈАВЕНО НЕГОВИТЕ ДЕНВИЗНИ И ДЕНАРСКИ ШТЕДНИ СМЕТКИ НА КОИ СЕВКУПНО ИМА НАД 93.000 ЕВРА. НИКОЛОВ ПРИЈАВИЛ И КУЌА ВО ВЕЛЕС ВО СОПСТВЕНОИСТ НА НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 2.400.000 ДЕНАРИ, КАКО И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ВО СОПСВЕНОСТ НА СОПРУГАТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 700.000 ДЕНАРИ.

НОВОИЗРАБНИОТ ПРАТЕНИК ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЃОРЃИ КОЏОБАШИЕВ ИМА ПРИЈАВЕНО САМО МОТОРНО ВОЗИЛО ВО ВРЕДНОСТ ОД 115.000 ДЕНАРИ КАКО ЗАЕДНИЧКИ ИМОТ.

ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГОРАН ПЕТРОВ, КАКО ЗАЕДНИЛЧКИ ИМОТ ИМА ПРИЈАВЕНО ВИКЕНДИЦА ВО ВРАНОВЦИ КАКО И ВОЗИЛО МАРКА ВОЛВО СО ВКУПЕН ИЗНОС ОД 18.000 ЕВРА. ПЕТРОВ ПРИЈАВИЛ И СТАН ВО ВЕЛЕС КАКО ИМОТ НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ВРЕДНОСТ ОД 51.000 ЕВРА.

ЗА РАЗЛИКА ОД НЕГО, ПРЕТСЕДТАЕЛОТ НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ, СЛАВЧО ЧАДИЕВ КАКО ЛИЧЕН ИМОТ ИМА ПРИЈАВЕНО КУЌА И СТАН ВО ВЕЛЕС ВО ВРЕДНОСТ ОД 3,900.000 ДЕНАРИ, КАКО И ИМОТ ВО СОПСТВЕНОСТ НА СОПРУГАТА СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 1,620.000 ДЕНАРИ ВО КОИ ИМА ВИКЕНДИЦА, ПЛАЦ И ВОЗИЛО МАРКА ПЕЖО.

СИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ИМОТИТЕ КОИ ГИ ПРИЈАВИЛЕ ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЕ ДОСТАПНИ ЗА ЈАВНОСТА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ВЕБ СТРАНА НА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »