Петар Печков
Објавено: петок, 14 февруари 2014
Децата од ПОУ Маца Овчарова на велешани со подароци им го свртеа вниманието. Во центарот на гардот на Сармаале тие делеа благи работи спакувани во хартија, кои беа наменски за Денот на вљубените .Изработиле заедно со нивните наставници 300 парчиња, изминатите неколку дена, од оваа седмица. Минувачите изненадени што некој за момент се сетил на нив.
Искрено пријатно сум изненадена. Убаво што децата се сетиле на ова, бидејќи се помалку им време за внимание и љубов. Им заблагодарувам за овие неколку моменти што ми ги посветија, нека се здрави и живи – рече една од жените кои добија мал подарок а за неа големо внимание.
Tweet |