Петар Печков
Објавено: среда, 19 ноември 2014
По повод Светскиот ден на еколошките движења во ООУ ,,Блаже Конески “ Велес се реализираше – еколошка кампања под мотото ,,Собираме,селектираме,продаваме “,во соработка со ЕД,,Вила Зора“.Директни учесници во соработката освен учениците и вработените, беа родителите на учениците кои несебично помогнаа во реализација на кампањата .
Ова е уште една активност од проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ од програмата ,, Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ .Кампањата ја поддржаа и голем број институции од градот – изјави Славица Петрова координатор на проектот.
Беа собрани 400 кг пластика и 1000 кг хартија .Средствата од оваа акција ќе бидат наменети за подобрување на квалитетот на наставата .
Tweet |