Петар Печков
Објавено: среда, 20 септември 2023
Во периодот од 25 септември до 6 октомври годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните а ја реализираат Општина Велес и ЈКП Дервен.
Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 7 до 15 часот на следниов број: 043/233-768 или на моб. тел. 075 498 551 и 071 229 986
„Ги замолуваме граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад без претходно да договорат термин за собирање“ - потенцираат од ЈКП Дервен.
Во габаритен отпад спаѓа: мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи.
Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалетни шолји, славини за вода, огледала.
Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи.
Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.
Tweet |