Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јули 2019
Изминатиов викенд велешките комуналци од Секторот Комунална хигиена беше ангажиран на чистење на диви депонии на езеро Младост. Собрани биле десет кубици смет или два трактори, оставени од несовесни посетители- рекреативци.
Исчистена е дива депонија кај подвозникот на пристапниот пат до езерото и отпадоци околу летниковците покрај брегот - информираа од ЈКП Дервен.
Во овој летен период езерото Младост е масонво посетено од гости, кои се капат или одмараат покрај брегот на акумулацијата.
Tweet |