Петар Печков
Објавено: среда, 15 ноември 2017
131 крвни единици се собрани во четирите крводарителски акции организирани во средните училишта во Велес. Од нив 89 дарувале за прв пат, додека 54 од вкупниот број се девојки. За разлика од минатогодишните акции кои се организираа во средните училишта, годинава има помалку собрани крвни единици и тоа за 14 или во 2016-та биле собрани 145 шишиња крв.
Во Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ на акцијата биле собрани вкупно 55 крвни единици од кои 35 од ученици кои прв пат даруваат, додека 18 од дарители од понежниот пол. Пет крвни единици беа дарувани од наставници вработени во училиштето.
Во општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ на акцијата биле собрани вкупно 26 крвни единици од кои 16 од ученици кои прв пат даруваат, додека 9 од дарители од понежниот пол. Три крвни единици биле дарувани од редот на вработените во училиштето.
Во општинското средно училиште Димитрија Чуповски. доминирале собраните крвни единици од учениците од понежниот пол, 22 од девојките и пет од момчињата, а 19 од ученици кои прв пат даруваа во својот живот, како и од двајца 2 вработени. Тука вкупно се собрани 27 крвни единици.
Есенските акции на дарување крв во средните училишта во градот, завршија вчера -вторник во Гимназијата Кочо Рацин. Таму биле собрани 23 крвни единици, од кои пет биле од девојки, еден од вработени а 19 ученика за прв пат даруваат крв.
Сите акции се организирани од Институтот за трансфизуона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвен крст Велес.
Tweet |