Петар Печков
Објавено: недела, 03 ноември 2013
Мото клубот Носачи на крстот во пресрет 9-ти Ноември ослободувањето на Велес, организираше крводарителска акција. На неа се собраа рекордни 177 крвни единци, најмногу на оваа акција во изминати три години.
Освен мотористи од Велес имаше и од други клубови во земјата, но и граѓани кои се решија по прв пат да даруваат крв. Затоа се случи да има редици во кои трпеливо се чекаше да се дарува крв а имаше дури осум кревети за крводарување.
Tweet |