речник контакт

Собрани 207 крвни единици на големата летна акција

На средината на август исполнет годишниот план за крводарувањево велешко. Радува што даруваат млади

Петар Печков

Во дводневната кродарителска акција, која денес и вчера се одржа во Велес собрани се 207 крвни единици.  Денес, среда се собраа 101 додека вчера 106. Од Заводот за трансфузиона медицина до Скопје се задоволни од собраното количество.

 Во овој летен период, кога има недостаток на крвни единици, секое собрано количество е добредојдено. Така и овие 207 ќе бидат употребени за потребите  на Клиниките во Скопје - рече д-р Бојан Тодоровски од Институтот за трансфузиона медицина.  Акцијата која е традиционална и се одржува по 22 пат, овој пат беше во фоајето од новиот велешки театар.  

Бидејќи имаше дури 9 лежалки, каде се даруваше крв, немаше воопшто гужва и чекање и сите заинтересирани бргу го напуштаа просторот. За сите крводарители имаше подарок - капа. Мотото на оваа крводарителска акција беше  ,,Крвта е незаменлив лек - таа спасува човечки живот,, . 

 Радува што поголемиот број од крводарителите беа млади, студени, лица на возраст до 30 години. Тоа значи дека има замена за постарите дарители, дека има подмладок и дека хуманоста е присутна кај дел од граѓаните. Имаше и девојки,како и бројни дарители кои прв пат даруваа крв - изјави д-р Тодоровски.

Акцијата беше организирана од страна на Општинскиот Црвен крст на Велес и  е една од поголемите во земјава. Со оваа акција се  исполни годишниот план на собрани крвни единици  1.860 за Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »