Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 април 2021
Успешна крводарителска акција на вработените од Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес. Годинава тие за прв пат се одлучија едно од одбележувањата на патрониот празник да им биде со крводарителска акција. Истата се одржа во Ликовниот салон, а учество зедоа вработените во институцијата, но и родители на децата кои се згрижени таму.
На крводарителската акција даруваа 30 крводарители. Од нив шестмина тоа го направија за прв пат и официјално се впишаа во оваа категорија на граѓани- кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес. Тие акцијата ја изведоа партнерски со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Во текот на месец април најавуваат дека ќе се одржат уште три крводарителски акции.
Tweet |