Петар Печков
Објавено: четврток, 22 август 2013
Велешани во редица чекаа да ја даруваат драгоцената течност. Во големата летна крводарителска акција се собраа 308 крвни единици. Докторите од Институтот за трансфузиона медицина се задоволни од одѕивот, бидејќи е лето.
Тие посебно го истакнуваат големиот број на млади велешани кои ја подадоа раката за да даруваат крв. Оваа акција е меѓу поголемите во Македонија, со висок одѕив на крводарителите. Сите собрани крвни единици завршуваат на клиниките во Скопје.
Организатор беше Општинската организација на Црвен крст од Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Годинашната акција, за разлика од претходните е со далеку помал број на собрани крвни единици.
Tweet |