Петар Печков
Објавено: петок, 26 мај 2023
На денешна седница на Советот на Општина Велс, советникот Дејан Палашев, од коалиција ан ВМРО-ДФПМНЕ си поднесе оставка.
Во краткото образложение тој соопшти дека заминува во странство. Палашев истовремено се заблагодари на колегите од Советот, на градоначалникот Колев и на претседавачот Љутков за соработката.
Општинската изборна комисија треба да го верификува новиот член на Советот, од листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Велес, а тоа е на позиција 12 Изабела Апцева, доколку таа прифати да биде член.
Tweet |