речник контакт

Советникот Нојков предложи да се врaти платениот паркинг во централното градско подрачје, како решени за сообраќајниот хаос

Ова се однесува на централните паркинзите пред Судот, кај Ликовен и кај Градскиот саат

Петар Печков

Членот на Советот  на Општина Велес , Коста Нојков предложи враќање на платениот паркинг во Велес. Според него тоа би се случило на дел од паркинзите во централното градско подрачје а  со цел да се најде начин да се спречи хаосот што владее по градските сообраќајници.  

„Во центарот на градот имаме хаос во сообраќајот. најбрзо и најбезболно решение е да се врати одлуката за  платениот паркинг. И тоа за  централните паркинзите пред Судот, кај Ликовен и кај Градскиот саат. Но и паркингот  за улицата која води  кон Железен мост да се регулира и да почне да се наплатува. За катна гаража како решение е добра, но тоа е скапа инвестиција , која локалната власт не може финансиски   да ја издржи. Сите сме сведоци дека кога беше платениот паркинг, овие три паркинзи во центарот на градот беа пола исполнети“ - рече Нојков.

Паркинзите кај Гимназија, АТД диспанзерот, кај Ингилиз и Пармакот би биле бесплатни.

На овој предлог градоначалникот Марко Колев рече да се почекаат неколку месеци, по што би можел да зборува за тоа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »