Петар Печков
Објавено: среда, 16 октомври 2019
Советниците на Општина Велес, побараа од локална власт да се распише меѓународен тендер за набавка на мониторинг- станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, на пет локации во градот.
Ова е заклучок од седницата на која се расправаше за состојбата со квалитетот на животната средина во Велес а по реакциите на граѓаните за работата на Варницата ,,Техно павер,, и пожарот во Маслодајна.
Целта е транспарентно да се следи состојбата со можни загадување на воздухот од индустријата, домаќинствата и сообраќајот - пишува во документот.
Барањето доаѓа како реакција на тоа што во Велес работи само една мерна станица за квалитетот на воздухот, на Министерството за животна средина (МЖСПП), но и таа мери само со два параметри, додека ПМ 10 честичките не се мерат од лани во јули.
Се побара и информација од Државниот инспекторат за животна средина дали ,,ТЕХНОПАВЕР Скопје – Каменолом Превалец Велес,, го исполнил условот 6.1.8 од А -Интегрираната еколошка дозвола со кој се пропишува дека е потребно да постави во најблиската станбена зона, која се наоѓа во правец на ветерот најмалку една мерна станица за квалитет на амбиентниот воздух.
Tweet |