Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 април 2020
На последната 54-та седница на Советот на Општина Велес, едногласно помина иницијативата Основното училиште во Бузалково, да добие статус на самостоен правен субјект. Сите 20 советника, присутни на он-лајн седницата гласале ,,за,,.
Ова училиште со подрачните во Сливник и Клуковец се дел од ОУ „Васил Главинов“. Предлогот на градоначалникот Аце Коцевски е Основното Училиште во селото Бузалково да постои како посебен правен субјект, бидејќи ги исполнува условите за тоа, кои се предвидени со закон.
По претходно добиени иницијативи, извршени консултации и по изготвување на соодветна анализа се одлучив за овај предлог - вели градоначалникот Коцевски.
Во подрачното основно училиште во Бузалково има 17 паралелки, учат вкупно 371 ученик, во подрачното основно училиште во Сливник има пет паралелки и вкупно 90 ученици, а во подрачното основно училиште во Клуковец учат 51 ученик во пет паралелки. Со оваа иницијатива, овие подрачни училишта ќе можат да се издвојат од централното основно училиште „Васил Главинов” и да формираат посебен правен субјект. Постапката продолжува натаму со следните правни чекори.
Во велешко постојат шест основни училишта: ОУ Панко Брашнаров, ОУ СВ. Кирил и Методиј, ОУ Блаже Конески, ОУ Васил Главинов, ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари и ОУ Стојан Стојчески Буридан во село Иванковци
Tweet |