Петар Печков
Објавено: петок, 18 април 2008
Предвидениот споменик „Бели Мугри“ со кој требаше да ?иде одбележана 100 годишнината од раѓањето на Рацин и 65 години од неговата смрт нема да биде подигнат. Со мнозинство гласови членовите на Советот на општината решија дека на Велес не му е потребен таков паметник.
- Во градот има премногу споменици, нема потреба од уште еден, затоа се противиме на неговата изведба – рече Томе Јаневски советник од ВМРО-ДПМНЕ. Ова образложение го прифатија повеќето советници по што донесена е одлука скулптурата „Бели Мугри“ да не се работи. На ваквата идеја остро се спротивстави градоначалникот на Велес, кој не можеше да разбере дека во градот нема место за обележување на првата книга, стихозбирка на македонски јазик, издадена во Самобор Хрватска 1939 година.
- На следната седница повторно ќе ја ставам оваа точка, се надевам дека советниците ќе сфатат каква грешка направија. Во прилог на достојно обележување на јубилеите се предвидува поставување на скулптура во просторот посветен на најголемото Рациново дело, стихозбирката „Бели мугри“ – изјави Коцевски. Скулптурата треба да биде поставена на простор во централното градско подрачје спроти зградата на Пошта, во непосредна близина на единствениот „споменик од стихови“ поставен на фасада од десната страна и мурал со ликот на Рацин исцртан на фасада од левата страна. Таа нема да ги надмине димензиите 2мх2мх1м и требаше да биде изработена во бронза. На просторот каде е предвидено поставувањето се работи на муралот на Рацин, по мотив на Коробар со текст од Тутуноберачите. Претходно градоначалникот Коцевски, по реакциите на јавноста ја отфрли идејата за изградба на Мавзолеј, каде ќе бидат сместени посмртните останки на поетот Кочо Рацин. Отфрлањето на идејата за поставување на скулпурта наменета за првата стихозбирка на македонски јазик, наиде на остри реакции кај културната јавност во Велес.
- Никош не е доволно споменици. Секогаш има, посебно во овој град на културата Велес, доволно автори, датуми, настани кои треба да се обележат на ваков начин. Еден од нив е издавањето на „Бели Мугри“ затоа тој споменик му е потребен на Велес – изјави ликовниот уметник Војко Јаневски. Уметниците со став дека кога во Скопје ќе се градат 30 споменика, зошто Велес да нема шест-седум, па макар и два посветени на Рацин и еден на неговото дело.
- Ако Владата ја прогласи оваа година, година на македонскиот јазик а во истата година се одбележува јубилеј на авторот на првата стихозбирка на македонски „Бели Мугри“ тогаш таа скулпутура е потребна. Рацин и неговите песни го надживеале времето а ова ќе биде мал допринос на неговото творештво – вели Љубенка `Ртовска, професорка по македонски јазик.

Tweet |