речник контакт

Советниците од власта го добија спорот против општината

И советнците од власта го добија судскиот спор против општината, откако опозицијата претходно тужеше и доби. Парите се за одржана а неисплатена седница во 2008-тата.

Петар Печков

Советниците  Томе  Јаневски, Славчо  Чадиев, Пандорка  Настова, Марина  Мијајлеска, Ангел  Сараулев, Александар  Колев, Бејхан  Мемедов, Никола Нацев, Ацо Петров,. и Феким  Јусовиќ го добија судскиот спор против општина Велес, која ќе треба да им исплати 102 илјади денари. Тие ја тужеа општина Велес, бидејќи не им исплатила надоместок за седница од 11 јули 2008-та година.

Таа е започната, но не и завршена, па иако тие присуствувале, општината решила да на им го исплатува надоместокот. Советниците затоа пак сметале дека тие биле присутни а што седницата не завршила не е нивна вина, па поднеле тужба. Седницата за која советниците си ги бараа парите е таа на која се побара смена на тогашниот претседавача Трајко Бабунски, која започна,  се прекина, се одложуваше и не заврши.

Општина Велес  во целост го признала барањето  на тужителите и предложи судот без понатамошно постапување да донесе пресуда врз основа на признание со која ќе го усвои тужбеното барање на тужителите. На овој начин локалната власт се ослободила од плаќање дополнителни трошоци. Ова доаѓа по тужбата што претходно   ја поднесоа  и средствата  ги добија, советниците  Атанас Василев, Оливер Гашев, Валентина Делиманчева Андреева, Данчо Стојанов, Трајко Бабунски, Саит Јакупи, Стојна Трајковска, Деjан Гавазов, Весна Стојановска Богоевска, Ефтимија  Карбева  Лукарева, Весна Џајкова и Зоран Ѓуровски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »