речник контакт

Советниците одлучија од следната учебна година, задолжително интонирање на химната во основните училишта, секој понеделник

Одлуката беше донесена едногласно

Петар Печков

Советот на Општина Велес донесе одлука со која од новата учебна година 2024/25 македонската химна ќе биде интонирана на почетокот од наставата. Тоа ќе се случува секој понеделник и во прва и во втора смена, во основните училиште во општината.  

„При интонирање на химната на Република Македонија, основните училишта се должни задолжително да обезбедат соодветни услови за достоинствено следење на химната од страна на сите ученици, вработените и други присутни од почетокот до крајот на интонирањето на химната“ – пишува во одлуката.

Таа беше донесена едногласно со 20 гласа „ЗА“ .  Одлуката беше предложена од  советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на  Македонија“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »