Петар Печков
Објавено: петок, 27 декември 2019
Советот на Општина Велес додели 60 илјади денари, средства помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во општина Драч, Република Албанија кој се случи на ден 26-ти ноември годинава. Оваа одлука беше донесена едногласно, на 46-тата седница. Средствата за оваа намена ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Велес
Со цел да се помогне на општина Драч, Општина Велес одобри парични средства од Буџетот на Општина Велес за 2019 година, како еднократна финансиска помош за потребите на општина Драч и за помош на настраданите жители од земјотресот- пишува во образложението.
Средствата се трансферираат на сметка што е отворена со намена за помош на Општина Драч -Албанија.
Tweet |