Петар Печков
Објавено: четврток, 26 февруари 2026
На последната седница на Советот на Општина Велес беа изгласани пет микро локации каде ќе се постави урбана опрема – киосци. Тие ќе се постават кај Спомен Костурница, Парк кај Општина Велес, детско игралиште Дворови, детско игралиште во населба Тунел, Градски парк во близина на Скејт парк, секаде по еден објект и два на кејот на река Велес (десен брег). На прашањето за двата киосци на кејот, градоначалникот Марко Колев објасни.
„Тие две киосци, сувенирници се дел до проектот за изградба на кеј, финансиран од ЕУ. Требаше да бидат поставени повисоко, на земјената површина над нив, но бидејќи тој простор се користеше од градежна механизација и пристап до кејот, беа времено долу. Ќе се вратат горе и ќе се издадат за работа. Издавањето за сите пет локации ќе биде со јавно наддавање кој понуди повисока цена а не како порано, прв дојден, прв услужен“ – реча Колев.
Co проектот за изградба на кеј а фиансиран од ЕУ, беше предвидено да се постават два киосци, за сувенирници.
| Tweet |




