Петар Печков
Објавено: среда, 21 февруари 2024
Советот на Општина Велес донесе одлука за отстапување на користење просторија на службите на СВР Велес. Таа е од времен карактер,за да се избегнат гужвите при издавање на готовите лични документи. Точката како итна беше поставена на денешната 47 седница.
„Просторијата која ја издаваме е во зградата на ТППЕ Велес. Овој недвижен имот се издава на времетраење до шест месеци, бидејќи до толку месеци беше побарана од страна на МВР. Таа ќе служи исклучиво за издавање на готовите лични документи, додека фотографирање за новите исправи ќе биде во просторијата каде беше и досега“ - кажа Анита Пивкова раководител на сектор при Општина Велес.
Оваа одлука треба да биде излезена во Службен гласник на Општина Велес а потоа градоначалникот со належените од МВР да ги потпише меѓусебно договорните права и обврски.
Tweet |