Петар Печков
Објавено: петок, 24 јули 2026
Едногласно е усвоена иницијативата за локалната институција Народен музеј од Велес да стане национална. Така би се вратила надлежноста која ја имаше се до 2005 година.
„Ова е насушна потреба, оти Музејот изминатите години по заминувањето на професионалниот кадар во пензија, се доведе во ситуација да нема кустоси, да нема стручни лица и пред две години да има само тројца вработени. Музејот се грижи за Спомен костурницата, спомен куќите во историското Горно Врановци, за родната куќа на Кочо Рацин, Васил Главинов, за куќите на Касапови и Џинот. Се грижи и за спомен куќите на Петар Поп Арсов во Богомила и на Коле Неделковски во село Војница. Сега неколку години Спомен костурницата нема чувар. Во музејот нема водичи, нема историчар кој да им објасни посетителите за историјатот “ – рече Слободан Ников, историчар, претставник на иницијаторите од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
По усвојувањето на оваа иницијатива, таа ќе биде препратена до Министерството за култура.
Музејот се грижи за 11 значајни објекти за одржување, некои од нив се од прва категорија Во склоп на музејот постојат четири одделенија- археолошко, етнолошко, историја на уметност и историско. Две од нив се отворени – археологија и историја на уметност, додека историското и етнолошкото не. Спомен Костурницата капитален објект, нема вработен, нема чуварска служба. Оваа институција раководи и со Ликовниот салон.
Годинава Народен музеј Велес одбележува 80 години постоење, како прв музеј формиран во повоена Македонија. И тоа од страна на Ѓорѓи Милошев тогашен професор во велешката гимназија, подоцна поглаварот г. г. Гаврил третиот Архиепископ на МПЦ.
| Tweet |




