Петар Печков
Објавено: четврток, 30 декември 2010
Советот на Општина Велес во 2010 година одржа 20 седници и усвои вкупно 292 акти. Досега се одржани и три свечени седници на советот.
Податоците за работата на советот на прес конференција ги презентираше Славчо Чадиев, претседател на Советот на Општина Велес. Тој изрази задоволство од работата на советот во 2010 година и најави значајни проекти во претстојната 2011.
Годинава имаше и поместувања во Советот, откако двајца советници заминаа, на нивно место дојдоа двајца млади личности.
Tweet |