Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јануари 2016
Советот на Општина Велес на последната ланска седница, одлучи да ги продава двете згради на поранешните училишта во Долно и Горно Оризари. Продажбата ќе се врши по пат на јавно наддавање Почетната цена за зградата на поранешното Основно училиште, кое е на површина од 875 м2, лоцирана во Долно Оризари е 78.800 евра. Цената е утврдена согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.
Објектот се наоѓа во лоша состојба, оставен на забот на времето истиот подолговреме не се користи и е напуштен. Затоа и оваа Одлука со која објектот ќе се стави во одредена функција со можноста истот да се отуѓи и продаде, ќе се овозможи негово обновувањ, нова градба или реконструкција на истата. Така ќе се придонесе да се разубави просторот во селото. Предложената почетна цена е постигната по спроведена проценка за состојбата на објектот од страна на овластен проценител - изјавија од Општина Велес.
Се донесе одлука за продажба и на зградата на поранешното ОУ во Горно Оризари. Почетната цена за зградата на поранешното Основно училиште, кое е на површина од 250 м2, лоцирана во Горно Оризари е 18.800 евра И тука цената е утврдена согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.
Објектот подолго време не се користи, истиот е напуштен и руиниран. Порано тој бил училишна зграда каде се изведувала настава, денес учениците учат во нова зграда, што значи дека овој објект моментално не е во функција никој не го одржува и има видни оштетувања. Предложената почетна цена е постигната по спроведена проценка за состојбата на објектот од страна на овластен проценител - објаснија од локалната власт.
Се очекува наскоро Општина Велес да го објави јавното наддавање, со условите за конкурирање и роковите за продажба.
Tweet |