Петар Печков
Објавено: сабота, 14 ноември 2020
На вчерашната седница на Советот на Општина Велес, 65-та по ред беше верификуван мандатот на нов член. Тоа е Злате Малинов, кој доаѓа од листата на коалицијата на СДСМ од локалните избори од 2017-а година.
Тој доаѓа на местото од Стево Крстевски, кој по заминувањето на директорската позиција, во Фондот за здравство во Скопје, мораше да ја напушти советничката позиција.
Ова е трета ротација во советничките редови на СДСМ годинава во велешкиот совет. Претходно нови советници станаа Аљуш Ахмет и Зоран Ѓуровски, по оставката на Душко Петров и Ненад Коциќ кој стана член на републичкиот Собрание.
Tweet |