речник контакт

Советувалишта има, ама нема посетители

Велешани немаат многу знаења за здравјето, повеќе се лечат отколку што сакаат да се заштитат

Петар Печков

Во Центарот за јавно здравје во Велес подолго време работат две советувалишта, едното е за заштита од ХИВ а вториот е за сексуално  и репродуктивно здравје преносливи болести и млади брачни парови. И покрај тоа што се бесплатни и анонимни, за нив има мал интерес.

Постои Болница каде се лечиме кога ќе се разболевме. Тоа е последниот столб на здравствена заштита. Има и превенција со вакцинирање за конкретна заштита од одредени болести. Има и промоција на здравјето, како да го заштитиме здравјето, тоа се овие советувалишта. Многу луѓе не ги знаат овие советувалишта. Затоа испраќам апел до граѓаните, доколку имаат било какви нејасности за овие теми, нека дојдат, да им помогнеме. Од контактите со деца, со младите кога одиме во училишта да држиме предавање, можам да кажам дека се нема многу знаења за заштита за здравјето. – изјави д-р Флорентина Ристовска Шурбевска директорка на ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Така тие имале 5 илјади презервативи, кои можат  бесплатно да се поделат , но нема начин како тоа да го сторат. Предавањата во овие соетувалишта ги вршеле стручни лица и истите биел бесплатни и анонимни. Заради запознавање на јавноста, тие изминатиот период извршиле обука на земјоделците како и колку да се користат препаратите, која концентрација, 

Никој досега не им објаснил на земјоделците  на оваа тема. Затоа имаше голем интерес. Оти се јавуваат голем број на рак на бели дробови, на желудник од тоа што препаратите не се користат во соодветна  процедура. Препаратите се сепак отрови – вели Шурбевска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »