Петар Печков
Објавено: петок, 23 декември 2022
Владата под чии ингеренции е велешка Колска, никако да именува директор, откако раководството беше разрешено на 13 октомври. Повеќе од два месеци единствениот капацитет во земјава, кој поправа патнички и товарни вагони за потребите на железницата, е без раководство.
ТрМр пишуваше дека тоа се одразува на работа, оти нема можности да се набават боја и лак за да се завршат веќе поправените вагони. На прашањето кога ќе се именува нов управител, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски без прецизен одговор.
„Владата именува управител на Колска. Тој ќе биде именуван согласно можности кој го имаме како кадар и капацитет во луѓе во таа компанија. Важно е што сум во комуникација и со вработените и тимот кој раководи и што таму се исплаќа плата за сработеното. Во комуникација со Македонски железници обезбедуваме работа“- кажа министерот Бочварски.
Tweet |