речник контакт

Создадена веб страна на туристичките водичи во Македонија

Наменета за агенции од земјата и од странство, како база на водичи кои нудат услуги на различни јазици за странски туристи во Македонија

Петар Печков

Група колеги туристички водичи, одлучиле да ја создадат веб страна со нивни средства, со цел да ја зголемат  видливоста на интернет на водичите и придружници како активни професионалци во туризмот.

Првично Local Tour Guides in North Macedonia | Macedonian Tour Guides  е наменета за агенции од земјата и од странство, како база на водичи кои нудат услуги на различни јазици за странски туристи во Македонија. 

Второ да бидат повидливи и за законодавецот кој се уште ја нема дефинирано и заштитено нивната професија на ниво каде би имале законски права како самостојни даватели на туристичка услуга како останатите вработени во туристички компании.

Да имаат заштита од нелојална конкуренција, компании кои не најмуваат локален водич, да можат да бидат глас кој достоинствено и професионално ја претставува историјата, културата, и природните убавини на Македонија.

Да ги стават на мапа и другите градови и региони кои имаат туристички потенцијал и водичи кои би ја раскажале и приказната  и на други градови, како Велес, покрај веќе познатите и развиени дестинации како Охрид, Скопје и Битола.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »