Петар Печков
Објавено: петок, 27 февруари 2026
Велешанецот Марио Хаџи Петрушев создаде техничка можност, граѓаните да ги пријавуваат нивните проблеми до надлежните локални и државни институции со помош на компјутерската технологија. Тој го создаде порталот prijavi.mk каде може да се пријават проблемите. Ова е негова дипломска работа, создадена по Естонски терк, тамошен модел на дигитализација.
„Страната обработува граѓански пријави и менаџирање на проекти кои ги работи општината. За да биде функционална во целост треба да биде прифатена од институциите. Пријавите од граѓаните преку електронска пошта стигнуваат до институциите., таа треба да им помогне за да создадат база кој се проблемите со кои се судруваат граѓаните но и за нивно системско решавање а имаат директно влијание врз животот на граѓаните. Апликациjaта овозможува да се следи пријавата од моментот на преземање, кој службеник ја работи па се до нејзиното решавање. Може да се користи и од локалните власти и од ЈП, министерствата. Ова е нешто налик на Мој термин од здравството, имаат слична структура на функционирање“ – вели Хаџи Петрушев.
Кога граѓанинот пријавува проблем, апликацијата го испраќа до надлежната служба, институција. Го добива раководителот кој ја проследува до надлежен службеник да ја стави во обработка. За ова е потребно и институциите да ја имплементираат.
| Tweet |




