речник контакт

Солистички концерт на Филип Василевски на гајда

На дваесет годишна возраст Василевски одржа соло концерт на традиционалниот инструмент гајда

Петар Печков

Вистинска реткост е некој во земјава да направи, тоа што младиот Василевски,  го стори вчеравечер. Тој по 12 години музицирање на гајда,  на дваесетгодишна возраст, се реши на соло концерт. Василевски кој е студент на ФМУ наполни салата Бели Мугри и  со музицирање од час и половина ги воодушеви присутните.Концертот беше насловен ,,Музичка приказна,,.

Со звуците на старите македонски изворни ора тој покажа дека одлични го свири овој инструмент. На концертот како гости настапија Сузана Спасовска, Стефче Стојковски, Јордан Митев,придружни ансамбли беа Оркестар на ФА „Вила Зора“, студентите од ФМУ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »