речник контакт

Сомбор одблизу

На северот од Србија, на тромеѓето од границата со Хрватска и Унгарија сместен е Сомбор, новиот збратимен град на Велес. Што е тоа што овие два града ги зближува, за нивните сличности, разлики и Сомбор одблизу, во репортажата во продолжение.

Петар Печков

Сомбор распослан во Бачка, дел до Војводина, рамно да не можеш да видиш каде е крајот на хоризонтот, еколошки зелен, повеќе велосипеди отколку автомобили, чист, стара заштитена  и сочувана архитектура, град на пајтони,  ги чувствува последиците од транзицијата и приватизацијата.

Градот има 50 илјади жители а општината 100 илјади, има 6 средни училишта, 22 основи, еден факултет, 6 локални јавни претпријатија. Населението повеќе национално, најмногу срби, па унгарци, хрвати, буњевци па дури и 2540 македонци. По вероисповед мешани православни и католици. Сомборци се гордеат со поетот Лазо Костиќ и сликарот Милан Коњовиќ, надалеку познати автори, но и со Звонко Богдан кој го опеа во неговите песни а сега живее во Суботица.

Прошетката низ историјата на градот со помош на Милан Војновиќ  пензиониран социолог, но кој  приказната за Рамноград, Зомбори, ја знае подобро од било кој историчар.
Жителите на Сомбор се горди што после Нови Сад, тие се втор војводински град која станал слободен кралски, откако и платил 150 илјади дукати. За илустрација Суботица тоа право го стекнала 30 години подоцна.

Сомборци по занимање биле боини и живееле до тоа, се бореле против турците додека градот бил под Австрија. На 17 февруари 1749 година градот неговите жители го откупиле за 150 илјади златни дукати. За илустрација со тие пари населението можело да купи 36,5 илјади крупен добиток. Сомборци немале толку пари, па се задолжил кај лихвари, кои го попишале целокупниот имот во градот, кој бил процент на 360 илјади форинти, за навремено да го враќаат долгот. Со плаќањето на оваа сума на австриската  царица Марија Терезија удрила царски печат на повелбата, градот го добил статусот на слободен царски и немал обврски да плаќа наеми и даноци кон државата а сите негови жители, освен тие  како што е запишано во повелбата ,,од мухамединска вера,, станале племство.

Заради рамноправност првиот човек на градот следните стотина години се менувал, две православен, две католик. Во средината на  18-тиот век националностите во Сомбор имале право да се школуваат на свој мајчин јазик.
 Претходно под турците бил од 1541 до 1687 година, за потоа да биде под Австрија па Австроунгарија и во 1918 година да влезе во рамките на Кралството на Србите Хрватите и Словенците.

Сомбор се гордее со неговата зачувана стара архитектура. Старото градско јадро е со прекрасни градби од 17-ти, 18-ти век и ниту една не повисока од еден кат, така што и да сака, човек не може да види како изгледа центарот на градот од високо. Има и многу цркви и катедрали, кои се сведоци на историјата.

Крониќ палатата, била сопственост на познат адвокат др Стеван Крониќ, кој алчен за пари и земја, влегол во незаконски работи и подоцна изгубил се во животот а останала куќата со прекрасна градба.

Жупаниската зграда, изградена во периодот од 1802-1804 година. Во неа, како и пред триста години, се сместени државните и локални институции. Таа има ни помалку ни повеќе 365 прозори. Во неа е сместена и големата слика на Ференц Ајзенхут, Битката за Сента која се водела на 11 септември 1697 година, кај реката Тиса. Во оваа битката австријците и нанеле тежок проза на Турција, по што таа се повлекла под реките Дунав и Сава. Сликата е масло на платно со големина од 28 м2, 7х4 што ја прави најголема на Балканот. За да ја внесат во 1898 година во Жупаниската зграда морало да се руши горниот акт од зградата. Со неа авторот и градските власти на Сомбор ја одбележале илјада годишнината од доаѓањето на унгарците во Панонија. Ајзенхут ја цртал две години во Минхен Германија и била донесена со брод. Просторијата во која се чува оваа слика, служи за седници на општинскиот Совет.  Таа претходно била судница и во неа се две скулптури на Минерва (војната ) и на Јустиција ( правдата).

Во Сомбор има по две маркантни православни и католички цркви, што зборува за економската моќ на населението. Св. Ѓоргија е градена две години и завршена 1761 година и е во барокен стил, со 77 прекрасни икони и витражи на прозорите. Црквата Св. Јован постоела и пред 13 век, турците ја претвориле во џамија за потоа да се врти во православен храм, градена е во стилот на рококо. Католичката црква Св.Тројство се гради цели 12 години и се завршува во 1761 година. Втората католичка црква е Св.Стефан која е завршена 1904-тата и се градела цели 42 години и е препознатлива како, црква со две кули,, Во неа се наоѓа еден од поголемите оргули во католичкиот свет на Балканот.

Градската куќа е изградена 1718 година, како сопственост на  и семеен дом на гроф Јован Бранковиќ. Таа подоцна е предадена на гардот и сега во ена се локалните медиуми и просториите на политичките партии.  Зградата има излез на двата градски плоштади. До него е Градскиот пазар, кој на тоа место постои од 1823 година.

Грашалковиќ палатата која е изградена  1763 година како центар за планско населување на подунавските германци. Тие во оваа зграда престојувале два три дена по доаѓањето и потоа биле населувани во Војводина. Денес во неа е галеријата на познатиот српски сликар Милан Коњовиќ во која има 1080 слики од неговиот опус од 6 илјади дела.

Сомбор и неговите жители можат да се пофалат денес  со огромното зеленило. Домаќинот Воиновиќ објаснува дека ако градот има во вкупна должина 120 км улици, има 121 км зеленило, 18.6 илјади стебла, 105 ха паркови и 5,2 ха тревници. Тоа значи дека секој жител на Сомбор над главата има круна од  27 м3 зеленило. Има и многу велосипеди, велат повеќе од автомобили, и се чувствуваш како да си во Холандија или Кина. Разбирливо бидејќи градот е в рамница  и не треба многу напор да се вози велосипед, да не се уништува зеленилото и е добро е за здравјето. Железницата во Сомбор дошла во 1869-тата година.

Во 1993-та година направена е уникатна фотографија од успешно вметнати 600 авионски слики на 15 илјади објекти во Сомбор. Со силна лупа, може да се види дали тој ден, кога е фотографирано, домот на секој сомборец бил со отворен прозор, толку е квалитетно сработено. Градот иако е во рамница, не го чувствува дувањето на ветерот, бидејќи нема улица која е така права и долга, туку градот е  поставен во концентрични кругови и за секој круг има следна  улица која за нејзина широчина е лево или десно од претходната.

Сомбор е и град на пајтоните (фијакер) кој започнал да сообраќа уште во средината на 19-тиот век. Тука се и денес и за едно евро возат 15-тина минути по градските улици. Тие се лоцирани на фијакер плац, кој е во сенки на дрвата боѓош 26 на број засадени 1903-тата, кои успеваат во Австралија и по течението на Мисисипи во САД.

 Ако Сомбор е горд на своето минато, горд е и на сегашноста, посебно на фабриката за преработка на животински отпад, која ги преработува остатоците од животните од Србија и Црна Гроа и од тоа се добива сточна храна. Градот има и колекторски систем, кој ја преработува отпадната атмосферска и фекална канализација.
 Градот има повеќе кул од цркви, но верувале или не, не работи ниту една. Единствено функционира сончевиот часовник и тоа со скратено време од 5 наутро до 4 попладне. Толку време грее сонцето.
 
 


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »