Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 јуни 2018
Неделата вечер 24 јуни околу полноќ се случила сообраќајка помеѓу автомобил и скуптер, во кој се повредени двете лица на мотроциклот.
Во 23.50ч, на крстосницата од ул.„Петре Прличко“ и ул. „Димитар Влахов“ е случена сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Шкода-Фелиција“ со велешки рег.бр. управуван од Ш.А.(29) од Велес и моторцикл „Меидуо“ со скопски рег.бр. управуван од седумнаесетгодишен малолетникот од Велес. Во сообраќајната незгода со повреди се здобиле возачот и совозачот на моторциклот – петнаесетгодишна девојка од Велес -информираа од СВР Велес. Двајцата повредени биле пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велeс, од каде според портпаролот Марина Андова уше вечерта возачот на мопедот поради лесните телесни повреди е пуштен на домашно лекување. Совозачот, девојката има скршеници на натколеница и е задржана на ортопедија во велешката Болница.
Ноќеска 25 јуни околу 01.30 часот на магистралниот пат Градско - Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(19) од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот. Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци -информираа од МВР.
Саботата попладне 24 јуни околу 18.00 часот било пријавено дека на потегот од стојалиштето Дуброво и железничката станица Демир Капија, на отворена пруга, при дефект на товарен воз, со намера возот да се отстрани од пругата, дошло до железничка незгода. Од непозната причина машината удрила во другата машина од товарниот воз, при што едната осовина излегла од шините. Повредени се две лица од возниот персонал на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница Неготино. Патничкиот и товарниот сообраќај бил во прекин од 18 часот на тој дел од пругата до 1.50 ч. кога бил нормализиран.
Tweet |