Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 октомври 2016
Претпладнево во верижен судир кој се случи близу Велес, повредени се шест патника а пет автомобили се оштетени. Според МВР сообраќајната незгода се случила во 9,30 ч. на делницата од автопат Скопје – Велес, близу наплатната рампа Отовица.
Во сообраќајката која била на 400 метри пред наплатната рампа учествувале пет автомобили мазда, мерцедес и голф со прилепски регистарски таблички и волво и опел фронтера со кавадаречки таблички. Има шестмина повредени патници, кои подоцна била пуштени на домашно лекување – изјавија од МВР.
На повредените прва помош им била укажана од докторите на велешка итна помош и со две возила ги префрлиле во Општа Болница Велес, дел згрижени на хирургија дел на ортопедија. Кај еден повреден била регистрирана скрешница на клучна коска а другите минале со лесни повреди по што сите се пуштени на домашно лекување. Во времето кога се случила сообраќајката било врнежливо и патот бил лизгав.
Tweet |