Петар Печков
Објавено: четврток, 10 септември 2015
Пет автомобили, од кои два странски учествуваа во сообраќајка која се случи претпладнево на автопатот од Велес кон Скопје, на излезот од градот, близу мостот кај населбата Дурутовец, каде неодамна во провалија падна унгарски камион.
Сообраќајката која се случи околу 10 часот, го сопре сообраќајот час и повеќе и создаде огромни колони на делницата од автопатот. Во карамболот настрадаа четири возила, кои се оштетени од силината на ударот.
Петтото возило со српски регистарски таблички имало среќа, минало неоштетено. Сведоците од блиската населба објаснуваат дека причина за сообраќајката е лизгавиот коловоз и што возеле преблизу и при кочењето, поради намалување на брзина од стеснување на патот, се удриле еден во друг.
На автопатот А1 Велес-Скопје, поточно на 140м после надвозникот на патот кон село Дорутовец, случена е сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички автомобила. Сообраќајот на таа делница од патот беше во прекин 1 час и 10минути. За време на прекинот сообраќајот беше пренасочен по регионалниот пат Велес-езеро Младост. Причините за сообраќајката ќе бидат познати по завршената истрага на увидната екипа - извија од СВР Велес.
Во сообраќајката учествувале „сеат кордоба“ управуван од С.С.(33 год) од село Негорци- Гевгелија, „форд ескорт“ управуван од Ж.С. (35 год) од село Добрејци-Струмица, „рено меган“ управуван од С.Т.( 24 год ) од Кочанн, „форд фокус“ управуван од 35-годишен српски државјанин и „БМВ“ управуван од 48-годишен државјанин на Р.Германија.
Во сообраќајката се повредени три лица. Двете жени на возраст од 36 години од Делчево и 34 од Струмица биле префрлени со возила на Велешката итна помош во Општата Болница. Портпаролот д-р Петре Кодовски информираше дека кај пациентките има констатирано нагмечувањана меките делови, снимките покажале дена нема скршеници по што и двете се пуштени на домашно лекување.
На повреда на докторот Кире Лазов од Брзата помош се жалело лице мигрант од Ирак, кое се превезувало за Куманово. Тој се жалел на болки во раката, но од страв дека групата бегалци ќе му замине, не сакал да биде пренесен во Болница, останал на местото на настанот.
Поради сообраќајката, која ги зафати двете коловозни ленти по широчина, 70 минути сообраќајот на делницата од автопатот од Велес кон Скопје беше во прекин и се создаде голема километарска колона. Бидејќи сообраќајката беше блиску до клучка од каде се вклучуваат возилата од Велес и од Штип, колоната возила беше голема и за овие два правци. Подоцна едната коловозна лента беше ослободена, по што сообраќајот се нормализира.
Tweet |