речник контакт

Сообраќајка, автомобил излетал од автопат, три лица со тешки повреди пренесени во Скопје

Автомобилот излетал од автопат а сите патници биле од Горно и Долно Јаболчиште

Петар Печков

Вчера, понеделник попладне околу  18ч. автомобил излетал од автопат на делницата Велес - Скопје, кај мостот на Дурутовец. Шестмина  патници се повредени, четворица од нив  се пренесени со возила на Итната помош во велешка болница.

„Автомобил марка „Алфа Ромео“ со велешки регистарски таблички управувано од  Х.А. (38 год) од Долно Јаболчиште  излетал од автопатот“- соопштија од МВР.  

Од велешката Итна помош  била упатена екипа со две возила

„Згрижени се  четири лица повредени при излетувањето,  две од нив со тешки телесни повреди, две со лесни. Истите се префрлени на хирургија при Општа болница Велес“ - информира д-р Василка Пановска началник на службата за итна помош при ЈЗУ Здравен дом.

„Со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(20 год)  Џ.А (36 год) и Џ.А (68 год)  од село Долно Јаболчиште, кои поради тежината на повредите, повреда на глава, сериски скршеници на ребра и скршеница на нос,  се пренесени  во комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.  Со телесни повреди се здобиле  две лица и  едно малолетно дете од село Горно Јаболчиште,   имаат полесни повреди и се пуштени дома“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи со јавноста од Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »