Петар Печков
Објавено: среда, 22 мај 2024
Вторникот попладне, жена пешак е повредена во сообраќајка, која се случила нa ул. Димитар Влахоv. Жената се здобила со скрешници.
„На 21 мај околу 17.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, патничко возило „фолксваген кеди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.К.(47 год) од Горно Оризари, велешко, удрило во пешакот М.Е.(75 год) од Велес“ – соопшти Татјана Ѓуровска, од СВР Велес.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.
„Во 17 часот и.05 минути е примен пациент во Општа болница Велес со отворена рана на главата. На пациентката и е укажана итна медицинска помош од страна на доктор специјслист трауматолог и е упатена на оддел за радиодијагнистика каде се направени прегледи на Компјутерска томографија. Констатирана е повреда на глава и фрактура на карлица. Пациентката е згрижена на понатамошен третман и лекување на оддел за ортопедија и трауматологија при ЈЗУ Општа болница Велес“ – соопшти Марина Андова, портпарол на велешката болница.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за инцидентот.
Tweet |