речник контакт

Сообраќајка, во која има еден починат и 12 повредени

Во сообраќајката учествувало комбе кое превезувало мигранти

Петар Печков

Во петокот навечер, на автопатот Гевгелија - Скопје, близу Неготино се случила сообраќајна несреќа, во која има едно лице починато а 12 повредени. Жртвите се мигранти кои биле превезувани со комбе.

На 23 август  во 19.40 часот на автопатот Демир Капија- Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Фејтон“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило со приколка марка „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило марка „Адрија Матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од С.Ч.(52) од Република Србија. По незгодата возачот на „ Фолксваген Фејтон “, во кое се превезувале 13 лица-мигранти (10 од Пакистан и три од Бангладеш) го напуштил местото на настанот. Едно 20 - годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци - соопштија од МВР. 

Од обвинителството информираат дека издале наредба за обдукција на телото на починатиот и вршат распит на сведоци здаде наредба за обдукција на телото на починатиот и врши распит на сведоци за утврдување на фактите.

Според првичните сознанија, несреќата се случила кога автомобил Фолксваген фетон, во кој засега непознато лице превезувало 13 мигранти, удрил одзади во товарно моторно возило со кавадаречки регистарски ознаки. Од ударот, возачот на камионот изгубил контрола и удрил во друго патничко моторно возило со српски регистарски ознаки, кое исто така е оштетено. Возачот на Фолксвагенот веднаш по несреќата побегнал од местото на настанот и по него се трага. Скопските регистерски ознаки на автомобилот во кој се превезувале мигрантите не одговараат на возилото, па по наредба на јавен обвинител се работи на утврдување на сопственоста - информираа од ОЈО Кавадарци. 

Од ургентното оделение на Скопската Клиника , соопштија дека кај нив , на трауматологија и на оделот за интензивно лекување се две лица со тешки повреди, а другите се вратени назад во кампот. Пет лица се лекуваат во кавадаречката болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »