Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 април 2018
Велешката полиција информираше за три карактеристични настани, кои се случија изминатиот викенд. Има две сообраќајки и една тепачка.
Во саботата на 31-ви март, на ул.„ Коце Димов – Витамин“ во Велес, случена е сообраќајна незгода во која лицето С.Ј.(62) од Велес, движејки се по улицата со мопед марка „АПН 4“ изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот од што се здобил со пореди. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде е констатирана скршеница на колкот и поради сериозноста на повредата е пренесен на Ургентен Центар во Скопје- пишува во соопштнието на СВР Велес.
Во петокот во 18.45 час. на автопатот А1 Велес-Скопје кај м.в. „Пуста Кула“ во близина на зимскиот пункт на „Македонија пат“ дојдено е во сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски броеви управувано од Н.П.(35) од Скопје во волк. По незгодата возачот и сопатниците Д.Т.(19) и С.Х.(30) каде Д.Т. е задржан на лекување, а возачот и другиот сопатник се пуштени на домашно лекување - стои во информацијата на СВР Велес.
Во неделата на 1-ви парил, околу 20.30 чaсот кај м.в.„Штипска Клучка“ бил Ж.Л.(25) од Велес, кај него дошле М.Д.(27) и С.Ш.(34) и по кратка вербална расправа помеѓу Ж.Л. и М.Д. лицето М.Д. му се извинило и му пружило рака за да се помират, но, во истиот момент Ж.Л. со нож во рака го нападнал и со неколку удари му нанел повреди на главата по што, другар му С.Ш. повикал Брза помош и повредениот со нивна кола бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Велес каде по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување- информираа од СВР Велес.
Tweet |