Петар Печков
Објавено: сабота, 05 април 2014
Претпладнево околу 11 часот на влезот од Велес, кај Петрова чешма се случи сообраќајна несреќа во која има две лица кои се тешко повредени. До несреќата дошло кога автомобил ситроен со скопски регистарски таблички удрил во цистерна со битолски таблички, која превезувала млеко.
Автомобилот се приклучувал на магистралниот пат Велес – Штип и доаѓал од приодот од автопатот Скопје – Гевгелија, додека цистерната возела кон Велес, објаснуваат сведоците на настанот.
Во сообраќајката тешко се повредени и двата патника од автомобилот возачот Х.Ф. ( 34 год) и сопатничката Н.М. (31 год), кои со возило на Брзта помош се пренесени до велешакта Општа Болница.
Според дежурниот доктор од велешката Општа болница и двете лица имаат тешки повреди скршеници, поради што итно се пренесени на Клинички во Скопје. На лице место на несреќата беа екипи на Сообраќајната полиција кои вршеа увид, по што ќе бидат познати причините на сообраќајката.
Tweet |