Петар Печков
Објавено: сабота, 14 август 2021
Петокот на пладне се случила сообраќајка во близина на село Црквино, во која седум лица се повредени а едно од нив има тешки телесни повреди, поради кои е пренесено на клиника во Скопје.
„На 13-ти август околу 13.15 часот на локалниот пат за село Црквино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(51) од Горно Оризари, велешко и патничко возило „мерцедес“, со пробни регистарски таблички, управувано од Е.А.(22) од село Црквино, велешко“ - соопштија од МВР.
Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и четирите сопатници, додека со тешки телесни повреди се здобила Ф.А.(47) од село Црквино, сопатничка во патничкото возило „мерцедес“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Велес. Поради специфичната повреда една од повредените е пренесена во Скопје.
„Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила само 47 годишната пациентка со фрактура на рамо, истата препратена на Клиника за Трауматологија Скопје, останатите повредени се здобиле со полесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекува“ - кажа - д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
Tweet |